Министерството за надворешни работи известува дека согласно остварените комуникации со дел од граѓаните на Република  Македонија кои во моментов се наоѓаат во Казахстан, тие се безбедни и засега не е регистриран ниту еден наш граѓанин кој е повреден или загрозен.

МНР продолжува континуирано да ја следи состојбата во Казахстан и е во постојан контакт со Амбасадата на Република Македонија во Нур Султан, како и со соодветните институции од земјите во регионот, со цел обезбедување соодветни информации за македонските граѓани.

Од МНР апелираат до сите наши граѓани кои во овој момент се наоѓаат во Казахстан да останат на безбедни локации, да не ги напуштаат хотелите и објектите каде што се сместени и да избегнуваат собири на јавни локации.

– За сите прашања поврзани со безбедноста на граѓаните на Македонија кои во моментот се наоѓаат во Казахстан молиме да се обратите на отворените телефони во нашето дипломатско-конзуларно претставништва во Нур Султан или во Министерството за надворешни работи. За сите наши граѓани кои планираат патување во Казахстан, апелираме да се одложи истото доколку е можно.

Амбасада на Република Македонија во Нур Султан

Телефон: +7771 103 7070 / +7775 257 3322. Молиме да се има во предвид дека има повремени прекиди на интернетот во Казахстан.
Е-пошта: [email protected]
Адреса: Ul. “Tashenov” No3, Nur-Sultan 010000, Republic of Kazakhstan
Министерство за надворешни работи на Република Македонија: Дежурен телефон активен 24 часа +389 75 273 732 и е-маил: [email protected] , наведуваат од македонското МНР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.