Почнувајќи од утре, први јуни, отпадот од домаќинствата и контејнерите ќе се собира од 5 часот наутро. ЈП „Комуна“ Крушево бара од граѓаните корпите да ги постават на видно место до нивното живеалиште и автомобилите да бидат прописно паркирани за да може возилата на „Комуна“ да ја завршат работата брзо и ефикасно.

Во однос на собирањето на отпадот во сабота дополнително ќе ги информираме граѓаните затоа што постои опцијата отпадот да се собира во попладневните часови со оглед на тоа дека недела е неработен ден.

Втората важна информација е следната. По косењето на гробиштата од денес, 31.05.2022г., ќе се коси во централното градско подрачје. На оние места на кои поради паркирани автомобили ќе бидеме оневозможени да работиме тревата нема да биде искосена.

Доколку постои соработка меѓу претпријатието и граѓаните може и нашата работа да се подобри и градот да биде почист. Постојано апелираме на соработка, а овие новости, условно кажано, во собирањето на отпадот се нешто што се обидуваме да го воведеме во пракса, но се ќе зависи од резултатите на терен, изјави ВД директорката на „Комуна“ Станка Ефремова Трајкоска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.