Kако Васко Ковачевски од „голтар“ преку функционер во енергетскиот сектор стигнал до титула милионер со имот од 26 милиони открива на денешната прес-конференција пратеникот Миле Лефков.
Доколку се погледне анкетниот лист на Васко Ковачевски, се доаѓа до логичниот заклучок дека пред 2019 година тој немал недвижен имот или автомобил на негово или име на неговата сопруга. Сето тоа се менува во 2019 година, која е година и кога Васко Ковачевски станува директор на АД ЕЛЕМ. Тоа е година во која Ковачевски се стекнува со два деловни простори во Битола, два стана во градот, двор и земјиште. Додека во 2020 година тој купува и џип од марката Сеат.
Во 2019 година Ковачевски се стекнува со деловен простор од 5 милиони и 900 илјади денари со вкупна површина од 318 м2 во Битола и уште еден деловен простор во вредност од 8 милиони и 900 илјади денари со површина од 134 м2.
Истата година Ковачевски се стекнал со два стана во Битола, едниот со површина од 110 м2 и вкупна вредност од 2.5 милиона денари и другиот со површина од 124 м2 во вредност од 4.5 милиони денари.
Тој купил и недвижен имот за кој не навел дали е земјоделско или градежно земјиште во КО Диково во вкупна вредност од 1.5 милиони денари, а пријавил и двор од 1.700 м2, кој го стекнал исто така во 2019 година, и е во вредност од 1.4 милиони денари.
Ковачевски вози и џип Сеат Арона со година на производство 2020 година кое чини 22 илјади евра, соопшти Лефков.
Потенцираше дека имотот кој што Ковачевски го стекнал од 2019 година до сега, а го пријавил во својот анкетен лист е со вредност од над 26 милиони денари, односно околу 450.000 евра.
Иако Ковачевски во анкетниот лист навел дека имотот го стекнал по пат на наследство, сомнително е што тоа се случува во годината кога тој е избран за директор во АД ЕЛЕМ, каде доаѓа од позицијата генерален директор на РЕК Битола, од каде преку разни фирми Заеви црпеа пари преку милионски тендери.
ДКСК да го испита случајот Ковачевски, што тој поседува и како е стекнато.
Васко Ковачевски е уште еден пример како Дарко Каевски, Костадин Костадинов, Зоран Заев и Димитар Ковачевски кои од голтари преку СДСМ и политиката стануваат милионери, порача Лефков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.