Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеј и ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова на вчерашните претседателски избори.
Честитки за новата претседателка на Македонија! Со нетрпение очекувам да работиме со претседателката Гордана Силјановска Давкова на забрзување на потребните реформи за да се придвижи напред процесот на пристапни преговори, наведе Вархеји во честитката на платформата Икс.
Силјановска Давкова во одговор на објавата му се заблагодари на Вархеји на честитката, изразувајќи подготвеност за соработка во остварување на „најважниот македонски стратешки проект“.
Ви благодарам многу, господине комесар Оливер Вархеј! Како еден од основачите на Европското движење во Македонија и поранешна Југославија, со нетрпение очекувам да работам со Европската комисија за го завршиме најважниот македонски стратешки проект, истакна Силјановска Давкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.