Ние сме лудаци! Немаме за леб и кров над глава, ама имаме за шампањско за Бујар!, вели професорката Билјана Ванковска, потенцирајќи дека додека ништо во Македонија не функционира, се прави Самит на ОБСЕ во висок стил.
Пред десетина дена бев во студиото на Македонското радио (во онаа голема, навидум убава) зграда. Луѓето одлични професионалци кои работат во ужасни услови. Зградата се распаѓа, кофи по ходниците и канцелариите заради дождот. Денес бев од другиот влез на зградата (МВР) да вадам документи. Истите страотни слики!
Се сетив како бев шокирана од условите за работа на службениците во УЈП пред некоја година, итн.
Се чудам што воопшто се чудам! Болниците и школите се распаѓаат, а не пак другите институции. Улиците валкани, зградите сиви, зеленило нема. На работа немавме парно греење во најстуденото утро и ги пуштив студентите да не мрзнат.
Има ли нешто што функционира!?!? Но затоа Самит на ОБСЕ ќе прават на висок стил!
Ние сме лудаци! Немаме за леб и кров над глава, ама имаме за шампањско за Бујар!, констатира професорката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.