Вкупно 2 140 лица направиле увид во своите податоци во Избирачкиот список (ИС) во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК), но за тоа колку лица ги провериле податоците по електронски пат во Комисијата за МИА велат дека немаат увид.

Јавниот увид на Избирачкиот список за локалните изборите ќе започне утре и ќе трае до 9 септември. Тогаш ДИК на увид ќе ја стави новата состојба на податоци на Избирачкиот список, што ќе се к

Досега три лица поднеле барање за промена на своите податоци во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК, а едно поднело барање за запишување на своите податоци.

По електронски пат осум лица поднеле барање за промена на податоци, едно за бришење на податоци и едно за запишување на податоци.

Крајниот рок за поднесување на барања за запишување, дополнување или бришење на податоците во изводите на Избирачкиот список е до 18 март, понеделник. Рокот важи и за парламентарните и претседателските избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.