Земјотрес утрово е регистриран со епицентар меѓу охридските села Куратица и Опеница.

Според податоците на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), станува збор за послаб земјотрес со јачина од 2,6 степени според рихтеровата скала.

Епицентарот на потресот бил на длабочина од пет километри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.