Државната изборна комисија (ДИК), утре ќе спроведе ждрепка за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати за претседател на Македонија. Ждрепката ќе се одржи во 12 часот во големата сала на 4 кат во ДИК.
„Утре ќе се одржи и ждрепката за распределба на рекламни паноа и билборди за изборите за претседател, со почеток во 13.30 часот во големата сала на Државната изборна комисија, на 4 кат“, наведено е во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.