На 29 јануари 2024 година (понеделник) со почеток во 10:00 часот во Владата на Република Македонија предвидено е примопредавање на функцијата помеѓу досегашниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски и Талат Џафери, претседател на преодната Влада на Република Македонија, соопштија од Владата.
По пристигањето на платото на Владата на Република Македонија, планирано е премиерите Ковачевски и Џафери да одржат кратка средба. По средбата во 10:30 часот тие ќе дадат изјава за медиумите, се истакнува во владиното соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.