Советот на Општина Охрид на денешната вонредна седница свикана по повод смртта на Владиката Тимотеј, утре 28 ноември, го прогласи за Ден на жалост на територијата на Општина Охрид.
Претходно, советниците и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков со едноминутно молчење му оддадоа почит на Владиката Тимотеј.
Согласно донесената одлука утре се откажуваат сите културни настани и манифестации на територијата на општината.
Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква на вчерашната вонредна седница одлучи Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј да биде погребан во четврток, 28 ноевмри, на Плаошник. Претходно, со почеток во 9 часот во храмот „Св. Софија“ ќе бидат одржани заупокоената Света Литургија и Опелото. На Светата Литургија ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежните епархиски архијереи на МПЦ – ОА, како и со претставници од другите Помесни Православни Цркви.
Погребението ќе биде извршено до јужната апсида на Плаошкиот манастир. Владиката Тимотеј почина по кратко боледување на 25 ноември на 73 годишна возраст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.