Владата на Црна Гора ќе прогласи Ден на жалост во недела поради трагичните настани во Србија, најави премиерот Дритан Абазовиќ.

Можно е да има два дена жалост. Денеска ќе ги известам моите колеги дека тоа ќе го направиме. На овој начин упатувам сочувство до семејствата на загинатите и повредените во овој неверојатно трагичен настан кој се случи двапати за краток период во Србија – рече тој.

Во Србија за два дена се случија две масовни убиства, едното во ОУ „Владислав Рибникар“, а другото во Младеновац, при што вкупно се убиени 17 лица, а 25 се повредени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.