Уставниот суд денеска соопшти дека на вчерашната седница биле разгледани пет иницијативи за оценување на уставност и законитост, од кои четири се отфрлени, а за една ќе биде поведена постапка.

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста на Правилникот за измени и дополнување на Правилникот за распределба на авторските надоместоци поднесена од Кристијан Габроски, Робертино Саздов и Ѓорѓи Крстевски.

Отфрлени беа иницијативите поднесени на член 236 став 2 алинеја 1 од Законот за социјална заштита, како и на член 46 став 5 од Законот за извршување. Потоа, оспорената Одлука на Советот на Општина Македонска Каменица бр.08-547/1 од 15 март 2023 година, како и оспореното Решение на Врховниот суд на Република Македонија Рев 2. бр.120/2022 од 29.11.2022 година.

Од Уставниот суд напоменуваат дека следните денови дополнително ќе ги објават аргументите за секој предмет поединечно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.