Мартин Костовски, како и цел СДС и Ковачевски треба да знаат дека уставни измени под диктат на Бугарија нема да има. Тоа го говорат над 80% од граѓаните во Македонија, а од нив излегува и суверенитетот на Македонија.Народот виде дека СДС од европски вредности има врска само кога се работи за злоупотреба на европски фондови и крадење на евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Знаеме дека СДС се нервозни бидејќи им се распука како меур од сапуница пропагандата која ја водеа и целата македонска јавност виде дека мнозинство за уставни измени под бугарски диктат немаат.
Доколку беа барем малку разумни немаше да водат инает со народот и со опозицијата и консензусот во Македонија ќе го бараа пред да почнат да даваат концесии на сметка на националниот идентитет.
Сега единствено решение е да го стават побрзо предлогот на пленарна седница, да се оконча нивната нерационална и штетна политика, а потоа да се оди на избори.
Суверенитетот е кај народот и тој на избори најдобро ќе одлучи за својата иднина и за идните чекори на македонската дипломатија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.