Министерството за труд и социјална политика и Синдикатот на образование наука и култура (СОНК) полека ги приближуваат ставовите по однос на барањето на повисоки плати во образованието, рече министерката Јованка Тренчевска. Во одговор на новинарско прашање, до каде се преговорите поради кои претходно СОНК одржа и повеќедневен штрајк, Тренчевска рече:

Се приближуваме кон ставовите и на двете страни, меѓутоа, ни треба време за да можеме предлозите коишто беа дадени од страна на СОНК и предлозите дадени од страна на Министерството за труд и социјална политика да ги усогласиме внатре во нашите институции и до крајот на неделата верувам дека четврток, петок, ќе го имаме конечното решение“, рече Тренчевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.