Синдикатот на полицијата во Македонија (СПМ) објави дека поднеле кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Синдикат на Полиција во Македонија до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето О.С поранешен Министер за внатрешни работи поради постоење на основано сомнение дека пријавениот во својство на службено лице – поранешен Министер во МВР со пречекорување на овластувањата и злоупотреба на службената положба и овластувања кои ги имал ги сторил кривичните дела “Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од КЗ и „Несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик“.
Во конкретниот случај постои основано сомнение дека пријавениот О.С со злоупотреба на службената положба и овластување, со непочитување на здравствените прописи кои важеле во тоа време како и преземање на мерки и службени дејствија за време на спреченост на работа односно додека бил на боледување и непочитувајќи ги прописите за заштита од прописите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за заштита од вирусот „Ковид 19“ своерачно и незаконски потпишал две решенија за распоредување а со тоа ги сторил кривичните дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ и „Несовесно работење во службата“ предвидени во член 353 и 353-в од Кривичниот законик“.
Синдикатот упати и прашање:
Каков човек треба да бидеш, додека си на боледување, да бидеш болен од Ковид 19, да бидеш во изолација и единствено да те интересира тоа да нанесеш штета на работниците на кои со години од твоето владеење „се колнеше“ дека се „ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА“. СРАМ И АРАМ ДА ТИ Е СПАСОВСКИ!“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.