Градежната фирма „Еуровија ДООЕЛ Желино“ e избрана на уште еден милионски тендер, овојпат за „Регулација на дел од ободен канал во н.м Арачиново, општина Арачиново“, услуга која ќе ја чини државата 1.038.833 евра.
Понуда на тендерот на Министерството за животна средина и просторно планирање дале и фирмите „Вардарградба“ од Трубарево и „Ленди груп“ од Скопје, но сепак одлуката паднала на донаторот на ДУИ.
Оваа компанија, меѓудругото, е ангажирана за 1,8 милиони евра да го преуреди просторот во спортскиот центар „Борис Трајковски“ за настан на ОБСЕ и потребите на МНР, за околу 4 милиони евра ја гради полициската станица Аеродром преку тендерот на МВР, а ангажирани се и за расчистување на автопатиштата. Избрана е и за подизведувач во изградбата на коридорите 8 и 10д од страна на американско – турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, со кого владата пред околу 6 месеци потпиша договор вреден над милијарда и 300 милиони евра.
Еуровија стана позната во јавноста и како фирма која лани била најголем донатор на политичката партија ДУИ, додека извршувала јавни работи за државата, што пак е спротивно на законот за финансирање на политички партии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.