Одронот на автопат Миладиновци – Штип повеќе од месец дена стои. Учесниците во сообраќајот секојдневннно се изложени на опасности.
Во однос на тоа кога и зошто сеуште не е отстранет одронот, за „Локално“ од Јавно претпријатие за државни патишта посочуваат деке е распишана јавна набавка за отстранување на одронот на автопатот Миладиновци-Штип.
Отворањето на понудите е на 15.04.2022 година по што следува процес на евалуација на понудите, велат тие.
Отварањето на новиот автопат Миладиновци – Штип, прв во источниот дел на државата, беше пуштен во употреба во 2019 гоина. Изградбата на Автопатот Миладиновци Штип започна во 2014тата година и требаше да биде готов во март 2017тата. Но, тогаш тој беше завршен само 50%. По потпишување на нов анекс со Синохидро – изградбата заврши во 2019, а потоа се изведуваа и дополнителни зафати од страна. Автопатот финално чинеше 177 милиони евра, или 3,8 милиони евра за километар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.