Од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ реагираат на соопштението на Универзитетското студентско собрание – УКИМ во кое велат дека ќе бараат конфискуваниот штаб на ВМРО ДПМНЕ да биде пренаменет во студентски дом.
Пред малку, УСС УКИМ објави соопштение кое искрено се надеваме дека не е пишувано од центарот за комуникации на СДСМ. Во Македонија образованието е урнисано, студентските домови се руинирани, нови не се градат. Да потсетиме што беше ветувано
1. Нови 4 студентски града ( Битола, Штип, Тетово и Скопје)
2. Младинска гаранција
3. Враќање на младите назад во Македонија
4. Студентска платежна картичка за попусти
На ова немаше вака жолчна реакција , немаше реакција ни за
1. За неизградената зграда на ФИНКИ и ФФК
2. За условите во студентските домови
3.За храната во студентските домови
4. За стипендиите кои беа доделени на децата на функционери на СДСМ
За овие состојби и квалитетот на живот на студентите континуирано алармираме и апелираме до надлежните во последните 5 години. За подобрување на оваа ситуација потребна е стратегија, а не популистички мерки и предизборно манипулирање кое е пракса во последните 5 години. Студентите се иднината на нашата држава и нивниот капацитет и потенцијал државата мора да го препознае.
ВМРО ДПМНЕ после следните предвремени парламентарни избори се обврзува дека ќе ги подобри условите во студентските домови, мензите и храната во нив, квалитетот на образованието кое ќе го добиваат студентите и можностите по завршувањето на образованието, ќе се зголемат стипендиите, ќе се стимулираат студентите преку повеќе мерки.
Интересен е фактот дека штабот на СДСМ, познатата Бихачка е поранешна зграда на МОН, па ве повикуваме да почнеме иницијатива за трансформација на овој „простор“ во студентски дом.
И за крај ВМРО ДПМНЕ не е штабот, ние сме постојано во комуникација со студентите по улиците, по дискотеките, кафулињата, парковите, читалните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.