Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска пред Владата однесе атлас со знамиња.

По случувањата вчера каде што повторно протоколот на МНР ги помеша знамињата на државите, се поставува прашањето дали освен непотизам како причина, причина за ова во МНР е тоа што во протоколот се вработени трајно неспособни личности по пример на трајно неспособниот премиер? По не знам кој пат ја посрамотуваат државата. За таа цел денес им носиме атлас на знамиња од светот со лепенки низ чие собирање владата ќе ги научи знамињата. Имаме разбирање дека е комплицирано да се разликуваат знамињата и поради ова се потрудивме преку вакви интерактивни содржини да им помогнеме да се запознаат со знамињата од светот и да не се случуваат вакви пропусти во иднина. Ве молиме да не известите ако другите институции имаат потреба од вакви помагала, стоиме на располагање да помогнеме, велат од таму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.