Околу пладне во Тетово триесетина минути имаше силно невреме со интензивен дожд и град. Досега нема пријавено за поголеми проблеми, а граѓаните преку социјалните мрежи споделија искуства со поплавени улици поради водата која се собира на коловозната лента и не може бргу да навлезе во атмосферската канализација.

Во селото Фалише имаше и поголема покривка од град.

Инаку во петокот кризниот штаб на Општина Тетово токму за денес најави дека ќе се врши чистење и дезинфекција на улиците по поплавите што се случија на 29 мај.

Над 130 пријавени случаи на штети направени и од пожарот и од поплавите од кои 97 се поплавени куќи и подруми, а другите се оштетени јавна инфраструктура, институции и земјоделски парцели. Бидејќи немаме одговор дали ќе има владина комисија за штети, немаме таква информација, не чекаме од Владата и од понеделник ќе излезат на терен општинска комисија и ќе имаме информации колку се штетите, изјави во петокот Биљал Касами, градоначалник на Тетово.

Во саботата на 28 мај патот од Шипковица до Бродец беше најмногу погоден од наноси со земја.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.