Украинците во Македонија денеска излегуваат на протест во Скопје, за, како што велат, да изразат поддршка на нивните роднини, пријатели, кои се изложени на брутален напад.

Да кажеме СТОП за војните во 21 век. Да кажеме СТОП за трета светска војна и НЕ за страдањето што низ цела Европа може да го донесе агресијата што сега се случува врз невино население во Украина.
Дојдете и придружете ни се, заеднички да кажеме СТОП за лудилото на војната, повикуваат тие.

Собирот почнува на плоштадот Македонија во Скопје денеска, 25 февруари, 2022 година, во 14.30 часот, а во 15.00 часот се упатуваат пред Руската амбасада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.