Категорично ги отфрламе дезинформациите за присуство на ученици од техничкото училиште од Битола во Бугарија. Во Софија бевме отидени јас и заменикот директор Здравковски Љупчо за да воспоставиме Еразмус + соработка со училишта во Софија, како што впрочем е и практиката на сите други училишта, реагира в.д. директорката на училиштето, Жанета Сервини во врска со вчерашната информација проследена на повеќе медиуми.

Со дадената непроверена информација направена е шпекулација со која е нарушен нашиот углед и угледот на училиштето.

Барам од вас и од сите други медиуми да ја повлечат лажната вест и да ја пренесат вистинската информација во интерес на објективноста на информирањето и чувањето на угледот на новинарската професија која во голема мера го креира јавното мислење. Доколку не се повлече веста, ќе ги преземеме сите располoжливи мерки за спречување на нанесувањето штета на мојот углед, на угледот на училиштето и на заменик директорот, како и за спречување на лажно информирање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.