Денеска ќе продолжи штрајкот на вработените во основното и средното образование. Новина е што  градинките пак ќе ги примаат децата од предучилишна возраст.

Синдикатот на образованието, науката и културата не попушти со барањето за зголемување на платите за 18,4% .

Штрајкот во градинките да биде во мирување што значи дека родителите ќе можат да ги носат децата.

(фото: МИА)

Штрајкот во основното и средното образование и детските градинки почна на 11 април. СОНК веќе втор пат одбива владин предлог за зголемување на платите, бидејќи се уште не го постигнале тоа што го бараат. Владата првично предложи зголемување на платите од 10 проценти, а потоа на 12 отсто, но СОНК бара покачување од 18,4 проценти и усогласување на останатите плати со минималната плата и ќе го продолжи штрајкот се додека не се најде компромисно решение за двете страни.

По одлуката на СОНК, да продолжи штрајкот, реагираше министерот за образование и наука Јетон Шаќир, кој нагласи дека зборот на СОНК не издржал ниту едно деноноќие.

Тој, на неговиот Фејсбук профил посочи дека променетата одлука на синдикалното раководство е на штета на нашите млади, учениците од основните и средните училишта.

– Министерството за образование и наука цени дека премногу настава е изгубена досега и тоа мора да престане. Доволно голем е јазот во знаењето кој го создаде овој штрајк со целосно блокирање на работата на училиштата и тој повеќе не смее да се продлабочува, потенцираше Шаќири

СОНК пак на 4 мај пред Владата ќе одржи голем предупредувачки штрајк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.