Процесот на филтрација на судиите и отстранување на системските проблеми остануваат високо на агендата на Mинистерството за правда. Мора да се елиминираат долгогодишните практики на неспроведување на законите и да се стави крај на селективната правда.Ова вечерва го изјави министерот за правда Никола Тупанчевски во интервју за МРТ.

Ветингот како процес или филтрацијата може да се направи со постојните капацитети, но и со постојните законски решенија. Единствено треба да се самореактуелизира уште еднаш да се мотивираат капацитетите кои ги имаме кај нас, да бидат на ниво на задачата која ја имаат според закон. Ветинг како посебен процес нема да има, меѓутоа ќе има дефинитивно следење на состојбите и работата на судиите и проверка на нивната работа и сите околности кои имаат комплеменатрен карактер, а се на линија што се нарекува професионална етика и законито и совесно работење – појасни министерот Тупанчевски.

Министерството за правда, како што нагласи, ќе ги создаде оптималните услови кои ќе бидат неопходни за реализцаија на сегментите предвидени во идната стратегијата за реформа на правосудниот сектор.

Според него, ќе треба да се направи малку поголемно поместување, во смисла на тоа дека Судскиот совет и Советот на јавни обвинители претставуваат тела кои ќе треба постојано и во континуитет да ја следат работата на судовите и на обвинителствата и најревносно да ја извршуваат својата задача.

Министерот потенцира дека треба да се покаже и докаже дека во земјава правдата е неселективна и како пример ги наведе последните случувања со сообраќјните деликти.

Коментарите на обвинителите, судиите, па и општата јавност е дека нешто таму не штима и не е во ред за случувањата со сообраќајните деликти. Сите споменуваат дека проблемот е во законот, а како може да биде проблемот таму, кога законот за тешки сообраќајки со смртни последици предвидува казни од четири до 20 години затвор – рече Тупанчески.

Тој посочи дека главната карактеристика на пресудите за сообраќајните деликти се условните казни и додаде дека мора да се консолидираат сите и да се разгледаат решенијата.

Реален проблем е и невоедначеноста на судските пресуди. Не може за едно исто или слично дело во една апелационо подрачје да се доделуваат големи казни, а во друго само условни казни – рече Тупанчески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.