Министерот за правда Никола Тупанчески за време на дводневната официјална посета на Словенија оствари средби со Дамијан Флорјанчич, претседател на Врховниот суд на Република Словенија, Бојан Мајцен, директор на Управата за извршување на санкции и Данијела Мрхар Прелиќ, директор на Управата за пробација.

На средбите министерот беше запознат со начинот на избор на судии и јавни обвинители во Словенија, затворскиот систем, функционирањето на службата за пробација. Се дискутираше за компаративните искуства, организацијата, функционирањето на институциите и мерките кои ги спровеле во процесот на зачленување во ЕУ. На средбите беше договорено во наредниот период делегација од Словенија да ја посети Република Македонија и да помогне во процесот на преговори за членство во ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.