Во Министерството за правда денеска беше извршено примопредавање на функцијата министер за правда помеѓу досегашниот и новоименуваниот вршител на оваа должност, Никола Тупанчески и Кренар Лога.

Како што информираат од Министерството за правда, Тупанчески му посака на Лога успешна работа, реализација на голем број проекти и успех во функционирањето на Министерството.

Министерот Лога, му се заблагодари на Тупанчески за неговиот досегашен придонес и најави реформи во сферата на правосудството и засилување на борбата против криминалот и корупцијата, се наведува во соопштението од Министерството за правда



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.