На територијата на државата денеска има вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои во моментов десет се активни, седум под контрола, додека седум се изгаснати, информираше директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

До 19 часот активни пожари има на три локации во општина Кичево, Пласница, Македонски Брод, Пехчево, Новаци, Ресен, Гази Баба и Крива Паланка.

Под контрола се ставени пожарите во општините Неготино, Македонски брод, Кичево, Демир Хисар, Охрид, Чашка, Делчево и Липково, додека изгаснати се во Неготино, Виница, Босилово, Аеродром, Кочани, Липково и Кичево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.