Почина пациент со цистична фиброза кому надлежните две години му ветуваа лек. Други седум пациенти се во слична состојба како овој пациент, а уште 130 чекаат лек. Ова говори само за едно, државата не се грижи за граѓаните, државата не успева ниту лек да им обезбеди на граѓаните, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ,
За министерот за здравство Беким Сали лекот бил прескап или требале околу 20 милиони евра, а тие немале пари.
Луѓето умираат – лек нема, лекари нема, ама затоа има 20 милиони евра или многу повеќе за отштета што не се гради нов клинички во Скопје. Тоа се пари кои државата треба да ги плати поради благо речено невнимание на надлежните или затоа што го раскинале договорот за градење на нов клинички во Скопје.
Предупредувавме подолг период, но власта е вообичаено глува зошто би се грижеле тие за граѓаните?! Зошто премиерот Димитар Ковачевски би се грижел за тоа дали во буџетот има пари за лекови кога е преокупиран со фирми за производство на струја!
Неспособноста на оваа власт се плаќа со човечки животи!
Цената на опстојување на оваа власт е преголема, штетата што ја прави непроценлива затоа мора да си заминат веднаш“ – се наведува во партиското соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.