Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска во Охрид и Струга се сретна со риболовните здруженија и риболовците од овој кра, за да ги запознае со новата риболовна основа која што ја донесоа.

Новата риболовна основа предвидува седум риболовни зони за комерцијален излов на риба и една рекреативна зона на ниво на цело Охридско Езеро, појасни министерот Трипуновски.

Тој додаде дека ова е уште едно во низата на исполнети ветувања кои што ги има дадено во предизборниот период.

Министерот посочи дека целото езеро се става во функција, со што се заштитува и рибниот фонд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.