Центарот за управување со кризи (ЦУК) евидентирал 13 пожари на отворено во изминатите 24 часа. Само еден пожар сѐ уште се води како активен. Во општина Кичево е пријавено дека горат ниска вегетација и габер.
На единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се регистрирани вкупно 2.065 повици во последното деноноќие. Како реални биле категоризирани 65,23 проценти од нив.
Кон полицијата биле упатени 63,22 отсто, кон Итната медицинска помош – 23,40 проценти, а кон пожарникарите – 6,99 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК, се додава во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.