Бранко Тричковски е многу разочаран од сега веќе поранешниот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров кој денеска одржа прес-конференција по повод заминувањето од оваа функција.
За Тричковски, кој признава дека напишал многу пофални зборови за Димитров, можеби климатските промени или оддалечувањето на Џејмс Веб од нашата планета имаат влијание во изјавите на поранешниот вицепремиер. Димитров денеска рече дека власта го тргнала бидејќи Бујар Османи е подготвен на решение со Бугарија по секоја цена, а тој немал доверба во него.
Останува уште Заев да каже дека не се согласувал со политиките на сопствената влада.
Никола, ти беше европското лице на македонската надворешна политика, така јас те доживував, сум напишал толку хвалоспеви, се сеќаваш, нели, и бев за тоа да останеш во владата, но сега откако се согласи со некои аспекти на херфлилоковската тралалајка за себе, морам да ти речам дека ми се претвори во едно големо разочарување. Шизофрено со оглед на тоа дека со последните изјави ти не го спасуваш своето и достоинството на Македонија, туку ги разградуваш ѕидовите на тие достоинства што самиот ги ѕидаше.
Не верувам дека ваквите свртувања се предизвикани само од светлината или темнината на кариерните перспективи. Можеби и климатските промени имаат некое влијание. Или оддалечувањето на Џејмс Веб од нашата планета, пишува Тричковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.