Денеска Владата ќе избира нов генерален секретар откако Мухамед Зеќири се повлече од функцијата по отворената истрага дека незаконски склучил договор без изработка на физибилити студија за Македонска пошта.
Како што неофицијално дознава „Фокус“, во најтесна конкуренција за негов наследник биле неколку лица меѓу кои Викторија Аврамовска Мадиќ, поранешна секретарка во Град Скопје, Магдалена Филиповска – Грашковска претседателката на Инспекцискиот совет и Методија Димовски, член на Инспекциски совет од областа на животна средина и заштита на здравје на луѓето.
Според нивните извори, најсеризен кандидат за да го замени Зеќири е Методија Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.