Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска утринава на утринската програма „Здраво Македонијо“ на Канал 5 Телевизија зборуваше за семејството, нејзините омилени моменти од мандатот во Министерството за труд и социјална политика како и за предизвиците со кои се соочуваат целните групи со кои работи министерството.
Тренчевска зборуваше за активностите во градинките заедно со министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, ја истакна својата посета во градинките во Белград кои имаат позитивен модел на функционирање . Таа посочи со таа посета беше увидено позитивното влијание на заедничките активности на родителите и децата во градинките. За време на гостувањето министерката зборуваше и за своето семејство и посочи дека внуците од нејзините сестри се нејзина мотивација за работа и нејзиното богатство.
Во текот на емисијата земајќи го во предвид големиот интерес на граѓаните за последните случувања со работната група и барањата на пензионерите Тренчевска соопшти за напредокот на работата во работната група.
„Работната група ги доби предлозите за мерки. Меѓутоа тоа оди на Влада како информација, ќе ги разгледаме предлозите и може ќе биде прифатено и повеќе од предлозите на работната група. Очекувам следната Влада да разговараме за ова прашање. Кога ќе биде донесена финална одлука пензионерите и медиумите ќе бидат навремено информирани за тоа што ќе биде одлучено како мерка во зимскиот период за да можеме да го подобриме животниот стандард на пензионерите“ рече Тренчевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.