Експерти што се длабоко обеспокоени од „очигледно направените исчекори во насока на конкретни обиди за создавање легална рамка за уништување нa материјалните докази за нашето постоење“ за „Нова Македонија“ алармираат дека траса на Коридор 8 спокојно поминува низ заштитено подрачје од Охридскиот регион.

Според анализите на соговорниците на весникот, експерти од областа, со „нестручноста и неоснованоста на предложеното законско решение како измени и дополнувања на Законот за заштита на културното наследство, на најгруб можен начин се нарушува безбедноста на потенцијалното културно наследство на територијата од Република Македонија во лицето на случајните археолошки откритија, а отсуството на облигаторност со надлежната јавна установа за заштита на културното наследство овозможува манипулација и со квантитетот на евентуално пронајдените случајни археолошки откритија, но и со автентичноста на нивното стратиграфско, културолошко и историско толкување!“

Целата сторија на „Нова Македонија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.