На чело на Клиниката за токсикологија е поставен Генц Селмани, кој е лекар по семејна медицина, објави „Канал 5“. Во изјава за телевизијата д-р Селмани вели дека сега е во постапка на специјализација по неврологија, а 12 години раководи со приватна ординација по општа медицина.

Тој смета дека е компетентен, негира дека е поставен само поради меѓупартиски пазар и вели оти времето ќе покажело дали умее да се носи со предизвиците.

Ќе си покаже времето дали сум или не компетенте, вели тој.

Тој има решение за в.д директор со важност од први април, а во траење од шест месеци, меѓутоа вели дека не раководи и со Интернистичкиот ургентен центар што обично одат заедно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.