Предлогот за една изборна единица се провлекува веќе две години, а еден од предлагачите е Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократски сојуз.
Ова е битно и за партиите но и за граѓаните оти така се отвора демократизација на државата. Ќе се вклучат повеќе субјекти кои ќе ја одразуваат волјата на граѓаните во застапеноста во Парламентот. Граѓански консензус има, сега се трудите да обезбедиме политички консензус. За оваа тема се разговара долго и граѓаните знаат за што станува збор, вели Трајанов за Утрински брифинг.
Трајанов вели дека стабилноста на Владата никогаш не зависи од унифицираноста на Парламентот, стабилноста зависи од политиките на Владата.
Сега во моментов во Владата доминантни се политиките на ДУИ и Алтернатива, што не ја одразува волјата на граѓаните. Донтовиот модел што го применуваме не е добар оти ги задушува помалите партии и е во полза на големите партии. Малите партии ги има во парламентот, но нивната улога е маргинализирана, вели Трајанов.
Според него, можеби процесот на формирање влада ќе трае подолго, но кога ќе се воспостави платформа таа влада ќе биде стабилна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.