Доколку претседателот на Собранието Талат Џафери ги одолговлекува измените на Изборниот законик пратеници од мнозинството се закнија дека ќе гласаат за престанок на мандатот на владата и ќе побараат предвремени парламентарни избори

Предлог-законот за измените на Изборниот законик помина во прво читање на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, но се чека претседателот на Собранието Талат Џафери да го стави на дневен ред на некоја од идните пленарни седници.

Пратеникот од Демократскиот сојуз Павле Трајанов за „Фокус“ вели дека сега зависи од претседателот Џафери дали тој понатаму ќе одолговлекува или не. Според разговорот што Трајанов го имал со Џафери, предлог-законот би требало да се најде на дневен ред минатата недела.

Трајанов вели дека доколку повторно се одолговлекуваат измените, има пратеници, вклучително и тој, што би пристапиле кон напуштање на владејчкото мнозинство и предвремени парламентарни избори.

Ако повторно се блокира законот, тогаш повторно ќе се актуелизира прашањето за предвремени парламентарни избори. Повеќе пратеници сме подготвени да гласаме за престанок на мандатот на владата. Од тоа не отстапуваме, бидејќи тоа е договор. Не може ДУИ да го блокира процесот. Власта не може да функционира без неколку пратеници што сме дел од парламентарното мнозинство, дециден е Трајанов.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.