Министерот Панче Тошковски излезе со реакција по повод денешното приведување на новиварот Фуркан Салиу.
Министерот нагласува дека посоченото лице бил на фудбалски натпревар кој бил прогласен за меч од висок ризик а полицијата интервенирала бидејќи дошло до обид домашната публика да се пресмета со гостинските играчи.
По приведувањето на лицето Ф.С. извршен е преглед на автомобил во негова сопственост и во истиот е пронајден пиштол. Од страна на полициски службеници истиот е приведен во полициска станица каде ќе биде извршен разговор и ќе бидат преземени сите потребни мерки и активности за целосно расчистување и документирање на настанот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.