Во однос на наводните пропусти во издавањето на готови лични документи за кои во изминатиот период во медиумите зборуваше дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев ја информирам јавноста дека од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по негово барање беа извршени проверки и за истите е изготвен извештај во кој е констатирана фактичката состојба, односно е утврдено е дека конкретниот пропуст е направен во време кога Бојмацалиев извршувал работни задачи на позиција шеф на кабинет на поранешниот министер за внатрешни работи, се вели во демантот на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Имено, проверките покажуваат дека пропустот кој се однесува на случај каде граѓанин кој се сликал на 16.12.2023г. два месеци не можел да ја подигне патната исправа, се случил на 05.01.2024г. кога предметната патна исправа била доставена во ОУР-Скопје и истата била ставена во редот со различна азбучна буква од буквата на носителот на иницијалите на конкретното лице, односно наместо во редот со азбучна буква „П“, истата била ставена во редот на азбучната буква „Р“, што било потврдено на 05.03.2024г. кога патната исправа конечно била пронајдена. Од тие причини, лицето два месеци не успеало да ја подигне патната исправа која била изработена во законски предвидениот рок. Во оваа прилика сакам да апелирам процесот на издавање на лични документи да не се злоупотребува за политички цели и сите заеднички да придонесеме што поскоро да се надмине овој проблем бидејќи граѓаните заслужуваат да добијат квалитетен сервис од МВР и да можат во нормални услови да ги извадат своите лични документи, истакнува Тошковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.