Според законот од нова година престануваат да важат возачките дозволи со старото име. Панче Тошковски во „Дејли Клик“ на ТВ21 објасни дали тоа ќе значи дека оние граѓани кои ја немаат сменето возачката дозвола, ќе бидат казнувани.
„Се надевам дека нема да дојдеме до таква ситуација, повторно ќе упатам апел да си ги променат возачките за да ги запазиме законско утврдените роковите за промена на возачките дозволи со уставното име. Максимално ќе апелираме сите услуги потребни, од аспект на капацитет ги имаме обезбедено, нема гужви, ги имаме обрасците, може да се закаже од ден за ден“, рече Тошковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.