Денес остварив средба со висока делегација на ОДИХР предводена од г-ѓа Кеара Касталдо, виш советник за изборни процеси во Канцеларијата на ОБСЕ, напиша на Фејсбук техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.

На средбата се заблагодарив за соработката и напорите кои ОДИХР во континуитет ги вложуваат во насока на транспарентно спроведување на секој изборен процес во државата.На прашање на г-ѓа Касталдо за нивната улога во изборниот процес, изразив верување дека најважно е што Мисијата на ОДИХР повторно ќе ја одигра една од главните улоги и во овој изборен процес и транспарентно ќе ја претстави целокупната ситуација на терен во насока на спроведување на фер и демократски избори, истакна Тошковски.

Од моја страна беше изразено уверување дека ќе бидат вложени максимални напори за соодветно учество во целокупниот изборен процес кој е пред нас со цел организирање и спроведување фер, демократски и безбедни избори, додава Тошковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.