Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски порача дека МВР ќе ги преземе сите потребни мерки со цел граѓаните да бидат безбедни, а службите ги имаат потребните капацитети да делуват во насока соодветна согласно надлежности.
Она коешто беше во изминатиот период информација, а се слеваше преку безбедносните служби, до мене лично и до премиерот., говореше во насока на тоа дека ќе постојат обиди каков што беше примерот со оној не сакан настан којшто го имавме во рамки на општина Гостивар. Тоа како настан е да речеме дека се случи, се надевам дека во иднина нема повеќе да имаме настани кои што ќе подгреваат било како меѓуетнички или меѓу верски, или било какви други тензии. Но доколку ги има соодветно ќе одговориме, истакнаТошковски.
Прашан зошто бил разрешен полицискиот началник Наим Рамука од Регионален центар Север, Тошковски одговори дека е поради поведена дисциплинска постапка поврзана со настанот со претседателот на Собранието.
Секој еден во рамки на министерството кој што презема одредени дејствија треба да ги преземе, особено дејствијата кои ги презема во рамки на службата, односно во рамки на постапувањето согласно закон и подзаконски акти за интерес за граѓаните да ги преземат овие согласности согласно закон и согласно подзаконскиот акти.
Онаму каде што ќе биде утврдена повреда, особено за време на вршење на работа ќе биде соодветно постепено. Никако не е постапено поинаку барем за изминатиот период додека јас не одам со Министерството, потенцираше Тошковски.
На новинарско барање за коментар за наводите на СДСМ преку прес-конференција за ослободување на телохранител на премиерот Христијан Мицкоски од одговорност и негово унапредување, Тошковски рече дека лицето било суспендирано од работа и била поведена постапка, а надлежниот јавен обвинител во конкретниот предмет утврдил дека полициски службеник треба да се ослободи од одговорност.
Актот е доставен во рамки на дисциплинската постапка која што е водена во Министерството за внатрешни работи и од страна на дисциплинската комисија е утврдено дека за предметното службено лице не постојат услови за да биде санкциониран во рамки на дисциплинската постапка која што е спроведена во министерството. Тоа значи дека откако е завршена постапката во рамки на јавното обвинителство, на начин кој што е завршена е завршена и постапката во рамки на Министерството за внатрешни работи, рече Тошковски.
Тој апеираше до опозицијата и сите останати, како што рече, да не ја манипулираат јавноста за случаите поврзани со МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.