Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска пред Собрание сподели дека ќе поднесе предлози за брзи измени на два закона, за брзо да се решат дел од проблемите предизвикани поради менувањето на личните документи, кои од денеска не важат без името „Северна“.

Првата измена, е како што кажа, во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, со кој би се решил проблемот со возачките дозволи, а втората е за измени на Законот за патни исправи.

Овие два закони кога се донесени, како се донесени и со кој ум се донесени, од денешен аспект е небитно. Денес е последен ден во рамки на којшто пратениците кои земаат плата од граѓаните на Република Македонија имаат можност да докажат дека работат во насока на интересот на граѓаните. Без политиканство, без политички игри, со измена на овие два закони. Кој и да ви говори друго, слободно разговарајте со експерти за меѓународно и внатрешно право, само со измена на овие два закони во делот на важност на возачките и на пасошите може да се решат проблемите на граѓаните, порача Тошковски.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски објави дека е поднесено барање за идна седница и се очекува претседателот на Собранието да ја уважи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.