Би сакал да апелирам до сите граѓани на Општина Струмица, како и до сите граѓани во Македонија, дека Законот мора еднакво да важи за сите и никој не смее притоа да злоупотребува било каква позиција во рамки на институционалните позиции коишто ги има за на било каков начин да влијае на било кој гласач незаконски со уцени, присилби, закани и било кои други незаконски дејствија, за да ја насочи волјата на гласачите кон едни или кон други“, во Струмица изјави техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Тој додаде дека станува збор за казниви дејства според Кривичниот закон за кои се предвидени ригорозни законски казни.

Нека не се секираат граѓаните. МВР и полицијата, како и полициските службенци ги имаат потребните капацитети за да одговорат соодветно на сите оние незаконитости, кои евентуално би се случиле во наредниот период, исто како што одговорија соодветно на сите незаконитости кошто се случија и во првиот круг од претседателските избори“, изјави Тошковски.

Тој изјавата ја даде во Турското маало во Струмица, каде, како што рече, ќе разговара со жителите од овој дел на градот.

Тошковски информираше дека бил во работна посета на ОВР Радовиш, Одделението во Дојран и канцеларијата во Богданци.

Според техничкиот министер, полициските службеници насекаде се соочуваат со проблеми како во делот на технички ресурси од аспект на возила и други технички средства, така и во делот на човечки ресурси. Особено слабо ниво на човечки ресурси било во рамки на Полициското одделение во Дорјан, каде моментално имало седум полициски службеници кои постапуваат на територија на Општина Дојран и според техничкиот министер треба да се зголемат човечките капацитети за МВР да има соодветна функционалност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.