Новиот објект на Одделот за форензички испитувања при министерството за внатрешни работи се уште не е целосно ставен во функција, а голем дел од вработените во овој оддел работат во старите објекти на министерството, вели техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Зградата за форензика е донација колку што имам информација од ЕУ во делот на изградбата на истата, меѓутоа таа зграда не е ставена во функција целосно и се уште добар дел од лабораториите, оние чисти соби, технички капацитети, вентилатори итн коишто треба да ги има, а се суштествен дел од опремата којашто треба да ја имаат луѓето кои што работат во овој дел во рамки на министерството за внатрешни работи, ги нема, не се обезбедени. Луѓето се уште се во старите објекти. Во новиот дел се префрлени само дел од колегите, но добар дел од колегите се уште не се префрлени и ги нема соодветните услови кои што треба да ги има овој објект“, појасни Тошковски во интервју за Телевизија Алфа.
Новиот објект на Одделот за форензички испитувања при Министерството за внатрешни работи е изграден со донација од ЕУ, во вредност од 3,6 милиони евра. За нефункционалниот систем на работа во министерството за внатрешни работи, Тошковски најавува работење по мерит систем, работа по закон, со искуство и со максимално воведување на предностите кои што ги носи 21 век.
Со љубов кон Македонија и со љубов кон својот народ, со чесен пристап, со работа и со труд сé се решава“, додава тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.