Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски не е задоволен од работата на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, но рацете му се врзани и не може да предложи кадровска промена на оваа позиција. Ова тој го изјави во поткастот на Плусинфо, во разговор со уредникот Бранко Героски.

Министерот Тошковски детално ги објаснува причините за своето незадоволство од начинот на кој техничката влада на Талат Џафери ги комплицира односите во врвот на МВР.

Во разговорот, Првиот човек на овој ресор објавува ексклузивни детали од доверливиот извештај за спроведувањето на операцијата за замена на личните документи и за одговорноста на раководни лица за големите пропусти.

Тема на разговорот се и очекувањата на Тошковски од изборите, посебно во изборната единица број 6, за кои постои загриженост и кај него, но и кај претставници на меѓународната заедница.

Како адвокат по професија и бранител на неколку случаи покренати од поранешното Специјално јавно обвинителство, Тошковски коментира како и зошто дојде до распад на македонското правосудство, но и за тоа како ќе изгледа правдата во Македонија ако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт.

Целиот разговор тука



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.