Делегација предводена од техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска и утре во Крањ, Република Словенија, учествува на министерска конференција во рамки на Брдо процесот.
Како што соопшти МВР, на првиот ден министерот Тошковски остварил билатерална средба со министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Данило Шарановиќ на која се разговарало за соработката меѓу двете министерства и можноста за нејзино продлабучување.
– На средбата од страна на министерот Шарановиќ беше потенцирано дека Црна Гора дозволува влез на нејзина територија со лични карти со старото име, а од страна на министерот Тошковски беше побарано да се овозможи влез во државата и со старите образци на патни исправи, доколку истите се со важечки рок, соопшти МВР.
Оваа средба, како што велат од МВР, била искористена и за разгледување на начинот на функционирање во рамки на МАРРИ регионалната иницијатива каде двете држави членуваат, при што било констатирано дека активностите во овој дел мора да се интензивираат.
На крајот од средбата било заклучено дека како две пријателски држави имаме заеднички интерес за соработка и размена на искуства, особено во делот на борбата со организираниот криминал и високата корупција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.