Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вели дека е време 61 пратеник да си ја заработат платата и да стиснат на тоа пусто копче и да го сменат законот за безбедност во сообраќајот и додава дека само на тој начин ќе се решат маките на граѓаните.

Срамота е Македонија да ги зароби граѓаните, а при тоа во Германија, Швајцарија, Албанија, Косово и така натака слободно да се движат со патни исправи со старо име. Ги лажеле луѓето цело време, ги лажеле сите. Факт е македонскиот пасош со старото име се употребува во Германија, Швајцарија, Албанија, само не може да се употреби во Македонија. Пратениците да постапат по оној предлог закон, како што го поминаа законот за возачките да го поминат и законот за пасошите – рече министерот.

Тој објасни дека се пристигнати 20 илјади обрасци и ги замоли новинарите да постават соодветно прашање до сите надлежни во рамки на Министерството и посебните органи во рамки на Министерството, зошто е ваква ситуацијата со обрасците.

Некаде во осми месеци имало договор согласно кој договор заклучно со 18.02 во Македонија требало да пристигнат 400 илјади обрасци. Тој договор со одреден акт е заменет и при тоа заклучно со 18.02 согласно тој договор е преземена обврска некаде од прилика во декември за 22 илјади обрасци – објасни министерот и упати прашање до јавноста зошто е сторено така и додаде дека ќе се истражи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.