Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер, Митко Бојмацалиев, имаа работна средба со амбасадорот на Словенија, Грегот Пескор на која се заблагодарија за продуктивната соработка со Амбасадата и Министерството за внатрешни работи на Словенија, особено за време на миграциската криза, како за и големата поддршка дадена во тој период.
Од МВР информираат дека во таа насока, министерот Тошковски изразил уверување дека добрата соработка ќе продолжи и во иднина.
Тошковски накратко го запозна амбасадорот Пескор за функционирањето на Министерството за внатрешни работи во техничката Влада, кое има голема одговорност во спроведувањето на изборите кои ни претстојат, како гарант дека истите ќе бидат фер и демократски. Ги образложи преземените мерки со цел ублажување на процедурите за вадење на лични документи со цел граѓаните да можат на еден достоинствен начин да дојдат до својот личен документ. Во таа насока укажа и дека сме обврзани на почитување на човековите права во однос на слободното движење на граѓаните, се наведува во соопштението на МВР.
Во соопштението се додава дека на средбата, амбасадорот Пескор ја потенцирал досегашната поддршка дадена на МВР од страна на Словенија, особено за миграциската криза на билатерално ниво и сега во рамки на Фронтекс, но и онаа за воздухопловните единици.
Дополнителниот заменик министер Бојмацалиев се заблагодарил за досегашната соработка со Словенија и изразил желба за нејзино продлабочување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.