Единицата за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЕБПС) и Единицата за увид на место на настан и анализа (ЕУМНА) при Секторот за внатрешни работи Скопје, се соочуваат со голем недостаток на човечки ресурси и недостиг на опрема, потребни за зголемување на безбедноста во сообраќајот, беше посочено на денешната работна посета на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на овие единици, каде одржа состаноци со раководствата.
-ЕБПС се соочува со голем недостаток на човечки ресурси и недостиг на возила и материјално-технички средства кои им се основна алатка за постапување и одржување на високо ниво на безбедност во патниот сообраќај. Исто така, беше посочено дека потребни се промени во законската и подзаконската регулатива со цел допрецизирање на одредбите кои ја регулираат оваа материја, а се со цел побезбеден сообраќај и помалку жртви, изјави министерот Тошковски.
Тој потенцира дека ЕУМНА е една од круцијалните организациски единици кога се работи за ефикасно работење во делот на кривичната материја имајќи ја предвид природата на нивната работа.
– И во оваа Единица има голем недостаток на човечки ресурси, но и соодветни обуки кои ќе го подигнат нивото на квалитет на нивната работа, како и инвестирање во нова, пософистицирана опрема согласно најсовремените технологии и практики, рече Тошковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.